Од васУбави муабети

Цистична фиброза: Д-р Ангелчо Андоновски!

Цистичната фиброза е болест кај повеќето европски популации, неисцрпна тема и борба. Се јавува кај едно од 2500 новороденчиња. Тоа практично значи дека инциденцата е  доста висока во помодерното општество.

Цистичната фиброза (CF) е наследна болест од која подеднакво заболуваат и момчиња и девојчиња. Децата се раѓаат со цистична фиброза. Она што треба да е реален факт е дека Цистичната фиброза не е заразна болест и неможе да се пренесе од едно дете на друго. Бидејќи детето има цистична уште при самото раѓање, оваа болест е означена како вродена или наследна. Деца кои страдаат од цистична фиброза се деца со два CF гена. По еден наследен ген од секој родител. Луѓе кои имаат само еден ген копија од CF генот е потенцијален “носител на цистична фиброза”  и на самот почетокот тоа дете е тотално здраво. Симптомите и сериозноста на болеста се разликуваат многу кај различни пациенти. Цистичната фиброза напаѓа повеќе органи, но таа предизвикува најмногу проблеми во: белите дробови, цревата, црниот дроб и панкреасот. Некои пациенти имаат повеќе проблеми со белите дробови, а други имаат комплексини проблеми со повеќе органи одеднаш. Цистичната фиброза не влијае на интелигенцијата на детето. Но, треба да знаеме дека нема лек за цистична фиброза.Проблемите кои ги создава оваа болест и се рефлектира на дишните патишта и други органи каде создава поволен амбиент за раст на микроорганизмите кои доведуваат до појава на огромен број на белодробни бактериски инфекции. Поради оваа причина многу е важно да во третманот на оваа болест се третираат и санираат овие инфекции на респираторниот тракт.

Исто така ЦФ може да предизвика и комплексни проблеми со панкреасот. Кои подоцна се рефлектираат на многу други здравствени проблеми. Самите ензими на излачување од панкреасот се со пореметена функција и делување па затоа се јавува не соодветен и специфичен мирис во столицата а со тоа и делувањето на ЦФ врз тенките црева, па со појава на столици во изобилство кои имаат специфичен мирис. Столицата содржи капки масло и е кашеста со специфичен приметен лош мирис. Бојата настолицата обично е посветла од нормалната. Дете со цистична фиброза може да има дијареа или ретка столица стомачна болка и дистендиран стомак. Сепак треба да разбереме дека оваа болест може да се третира со терапија која ќе допринесе за подобрување на самиот животен тек на овие пациенти и огромната заложба за продолжување на животот. Во помодерното време овие пациенти се надеваме дека ќе имаат можност да се третираат со помодерна и подобрена терапија.

ИСПИТУВАЊА КОИ СЕ ПРАВАТ ЗА ПОТВРДА НА ЦФ

Првите знаци на цистична фиброза можат да се појават во секое време, треба да се направат неопходни анализи доколку го забележиме следново:

  • Често кашлање и зголемена слезина
  • Чести инфекции на белите дробови кои наликуваат на воспаление и хроницитет на белите дробови
  • Непредвидливо губење на тежината, и покрај нормална исхрана, раст и развој.

Првите знаци на цистична фиброза можат да се појават во секое време, но тие се најчесто забележувани проблеми во тек на две години .

Тест кој се користи за да се потврди дека детето има цистична болест. Се вика потен тест а тука се и генетските испитувања.

Ова е момент кој треба да го сфатиме како реалност и да знаеме дека се разболуваат 1 дете  на нови 2500 новороденчиња. Точната фреквенција на заболувањето варира во зависност од различните популации во целиот свет и Европа.  Лекувањето на ЦФ воопшто не е лесно и бара посебни услови и протоколи  и воедно претставува комплексен проблем кој мора да се решава, а е и присутен во нашата држава, само заеднички со сплотени сили можеме да допринесеме кон решавање на овој суптилен и битен проблем кој не засега и нас во Република Македонија. За лекување на оваа специфична болест се потребни мулти дисциплинарни центри кои ќе допринесат во олеснувањето на текот на болеста а и спроведување на делумно лекување на ова заболување. Ова е накратко даден само опис на ова комплексно и опасно заболување темата е сеопширна и бара огромна заложба и борба да биде решена не само на локално ниво туку и на светско.

Поврзани статии

Back to top button