Од васУбави муабети

Љубовта лекува…а љубовта може тивко и да убива

И од чии раце пиеш сега нежност?
Од чии усни ти се тркала убавина низ душата?
Од чие срце грабаш вечност и ја претвараш во миг?
Немој да сакаш како јас тебе,
никогаш немој да се заборавиш на раскрсница од само еден здив и дишење…
Не ме гледај…
Не е важно колку ми е распарана кожава,
ја гребев сакајќи под ноктиве да ја соберам нечистотијата од туѓите допири- за да останам Јас, за да ме имаш само Ти…
Се допирав полека како што посакав да ја допреш секоја рана низ мене и да ја избришеш болката.
И кажи ми сега каде сме?
Јас тука со себе а ти со сите некаде…секаде
Кажи ми дали те погали утрово зрак со мирис на исполнување?
Се насмевна ли после секое разочарување?
Не…Немој да сакаш никогаш толку силно како душата да ти е врзана со невидлива нишка, како да е секој ден почеток,
како да нема крај…
Зошто крајот убива, зошто со печат од болка ги брише надежите,
ја дели убавината и мирот го разматува со немир…
А те сакам…како мало дете што освен чистота не познава ништо друго
Не сакав да клекнам како виновник на колена,
се борев мислејќи дека е заблуда…
Некаде помеѓу моите зборови и твојата тишина се создадоа светови, ме придвижија урагани
И мислам дека не болат толку ударите од ивиците на незнаењето колку што боли и убива молчењето…твоето, исконско, свето…
А, не сакав да те сакам…
И ноќта стана ден,
се родив како Феникс, одлетав како пердув од крилја на ангел за да те погалам по лицето
Тоа исто лице што со поглед ме скаменува и ме води до небо…па ме бутка на земја…ме оживува…
И никогаш немој да сакаш некој толку силно…немој да се предаваш
Љубовта лекува…а љубовта може тивко и да убива.

Маја Спасовска

Поврзани статии

Back to top button