Убави книги и филмови
Филм за убав ден
За ваков облачен ден како денешниов ден, одбравме една фантастична драма која ќе ве натера да размислувате…
Филмот кој е наш денешен предлог е сниман според истоимената новела од 1961 година на авторот Ричард Јејтс. Филмот е режиран од Сем Мендес, а главните улоги ги толкуваат Леонардо ди Каприо и Кејт Винслет, актерите кои освен во овој филм, како пар, заедно глумеа и во маестралниот Титаник.
Филмот ја следи приказната за еден пар кој мора да се носи со проблемите и упатува една силна порака: „Сите ние може да избегаме далеку, но никогаш не можеме да избегаме од самите себе.“