Убави книги и филмови
Филм за убав ден {25.07}

Избравме една ивонредна драма со трилер и мистериозни елементи која ќе ве воодушеви!
Филмот е во режија на Роуан Џофи, а главните улоги ги толкуваат светски познатите актери Колин Фирт и Никол Кидман.
Филмот ја следи приказната за една жена која после една несреќа секое утро се буди со празна меморија и не се сеќава на ништо од вчерашниот ден. Нејзиниот доктор ја замолува да го документира секој нејзин ден со фотографии, но бргу потоа таа ќе се запрашува кому може да му верува…