Филм за убав ден
За денеска одбравме романтична драма која зборува за врските, подемите и падовите на љубовта… Во фокусот се ставени проблемите кои може да ги има секој пар…
Филмот Before Midnight (2013) е продолжение на филмовите Before Sunrise (1995) и Before Sunset (2004).
Филмот е во режија на Ричард Линклејтер, а главните улоги ги толкуваат: Итан Хоук и Џули Делпи.
Двајца родители, Џеси (го игра Хоук) и Селин (ја игра Делпи) живеат во Париз, каде ги одгледуваат своите ќерки-близначки. Истовремено, тие одат на одмор во Грција на покана на еден писател, пријател на Џеси. По завршувањето на одморот, Џеси треба да го испрати својот син од претходниот брак, Хенк, назад во САД, каде што живее детето, така што започнува да го преиспитува својот живот, загрозувајќи ја врската со Селин…