Три посни рецепт идеи со кисела зелка!
Киселата зелка е богата со влакна, витамин Ц, К и бројни витамини од групата Б. Освен тоа, на киселата зелка не и недостигаат магнезиум, калциум, железо, а содржи и голема количина на манган и бакар.
Во продолжение предлог како да се користи кисела зелка, која е неверојатно здрава, а ја има во изобилство периодов.
Потребно:
1 главица кисела зелка
Масло
Мелен пипер
Лук по желба
1 предлог:
Исечете ја зелката на што потенки ленти и пржете ја на масло околу 30-40 минути. Сварете ориз во солена вода и процедете го. Измешајте се заедно.
2 предлог:
На масата распоредете ја тенката готова кора, па обилно премачкајте ја со пржена кисела зелка, свиткајте ги рабовите и виткајте во ролат. Се редат во подмачкана тава. Секоја ролна премачкајте ја со уште малку масло. Се пече на 200 степени околу 40 минути на 200 степени.
3 предлози:
Компирите сварете ги, па изгмечете ги и убаво измешајте. Посолете. Загрејте една лажица маслиново масло и прелијте ги компирите. Добро измешајте. Во чинија ставете ги компирите и убаво размачкајте ги. Додадете пржена зелка.
Наздравје!