ЖивотУбави совети

Зајакнете го имунитетот со природни антибиотици!

Колку и да работите на јакнење на имунитетот, често пати доаѓа до инфекции и настинки. За да не користите хемии со кој ќе го подобрите имунитетот ние ви предлагаме три природни антибиотици кои со сигурност ќе ви го зајакнат имунитетот и ќе ви го направат организмот поиздржлив.

Масло од оригано – ова магично масло се добива од листовите на билката. Освен што неговата миризба и аромата совршено одговараат во многу јадења, научно е докажано дека маслото од огирано е вистинки борец против инфекции. Ова масло делува антибактериски.

Дозирање: 1 до 4 капки три пати дневно додадете во шолја чај или сок.

Лук – за него се вели дека е кралот на зеленчукот. Додадете го во оброците, во прав или во салатите свеж. Доколку ви смета мирисот слободно можете со чаша вода едно исчистено лукче да испиете (како таблетка). Силен природен антибиотик кој не ги уништува здравите бактерии кои му се потребни на организмот како што ги уништуваат хемиските антибиотици.

Дозирање: 2 до 4 лукчиња на ден (вие одлучете како ќе го внесувате)

Лута пиперка – имаат антибактериски ефект и се користат за смирување на болки. Можете да ги користите и како зачин (сушени и смелени). Свежите додадете ги на салатата.

Дозирање: 1/2 лажички дневно како дополнување на оброкот или да се подели на две чаши чај или сок.

 

Поврзани статии

Back to top button