Три модели на џемпери кои треба да ги имате оваа есен!
Бидејќи вечерите се веќе доста ладни, и есента само што не ни тропнала на вратата сега е вистинското време да се купи малку потопла гардероба. Едно од најпрактичните и неопходни парчиња за ова време од годината е џемпер. Може да се носи со сè и при секоја прилика, па пожелно е да го имате во неколку различни варијанти.
Топло, меко и удобно џемперче е вистински незаменливо парче гардероба. Затоа секоја нова сезона ви носи нови штосни модели со кои ќе бидете среќни и ќе се чувствувате удобно при самото носење. Оваа сезона ни донесе три трендови кога се џемперите во прашање. Погледнете во продолжение!
Долг кардиган. Одличен е за секоја прилика, па не го заобиколувајте. Практичен и интересен. Го топли и прикрива целото тело, нуди удобност и комфорност при самото носење. Лесно може да се комбинира. Ако се двоумите во која боја да го купите ве советуваме дека окер-жолтата, сивата, бебешко розовата и маслинесто зелената боја оваа сезона ќе бидат вистински ин.
Краток џемпер. Летото го наговести овој тренд со кратки маички и корсетчиња а есента ни ги донесе најслатките кратки џемперчиња. Веќе по бутиците ги има и ќе може да ги забележите во сите бои, со различни дебели и потенки линии, широки а и тесни кои може да доловат доста секси изглед. Потесните комбинирајте ги и носете ги на вечерните излегувања додека оние широките и лелеавите во дневни излегувања.
Широк и долг. Убавината е во тоа што нуди удобност и изгледа ептен интересно и уникатно. Може да се комбинира во секакви комбинации и за секакви пригоди. Овој тренди џемпер се носеше и лани, а ќе се носи и оваа година. Оргиналноста е секогаш во мода, не заборавајте. Ваквиот џемпер ќе ви обезбеди топлина и удобност во ладните денови кои допрва ќе дојдат. Признајте, има нешто магично во овој модел на џемпери, изгледаат како да сте ги позајмиле од вашата посилна половина.