Три интересни книги за љубителите на белетристика!
За убав викенд потребни се и убави книги! Уживајте во пишаниот збор сега и секогаш.
Азнадар (Мубера Мисини) Самоспознавањето е сила која преобразува, се што бараме, се што сакаме, се што мислиме дека го има некаде надвор, се се наоѓа во нас. Се што говориме или упатуваме некому се однесува само на нас. Аворката со една интересна порака до сите: Ти никогаш не можеш да излачиш толку отрови колку што јас можам од нив да направам лекови.
Кралска афера (Нора Робертс) Едно утро нејзиното височество Габриела Бисет ќе се разбуди во болнички кревет, на знаејќи како се нашла тука. Бидејќи нејзините киднапери и понатаму се на слобода, Габриелиниот татко, принцот Арманд, ќе го повика на помош својот близок пријател, американскиот детектив Рив Макги. Габриела страда од потполно губење на помнењето – дури и членовите на семејството и изгледаат како потполни туѓинци. Со помош на Рив, оваа млада девојка полека ќе почне да се враќа во тековите на секојдневниот живот. Можат ли детективовото добро срце и смирениот поглед да допрат до уплашената принцеза и да и помогнат да ги спои нишките на минатото и сегашноста?
Пламен на страста (Хана Филдинг) По откажувањето на својата венчавка, Корал Синклер, прекрасна но наивна фотографка, дознава дека го загубила и татка си. Напуштајќи го познатиот живот во Англија, заминува за Кенија, за да го преземе своето наследство – Мпинго, плантажата којашто е нејзиниот дом од детството. На патувањето, Корал запознава харизматичен странец и нивната магнетна привлечност ја затресува до сржта. Кога повторно го среќава во близина на Мпинго, неколку дена подоцна, добива предупредување дека не треба да му верува. Рафаел де Монфорт, сопственик на ноќен клуб и на соседната плантажа, не е само злогласен женкар, туку е вплеткан и со маќеата на Корал, која можеби е поврзана со смртта на нејзиниот татко – или барем така велат гласините.