Тридневен детокс за исфрлање на шеќерот од организмот!
Сите знаеме дека шеќерот е штетен за нашиот организам, но зошто е така?
Нашето тело го претвора шеќерот во енергија, а количината што не ја употребува се претвора во масти, што дополнително предизвикува дебелеење.
Ние ви подготвивме тридневна детоксикација која ќе го исчисти вашето тело од вишок шеќер.
Додека сте на овој тридневен детокс, јадете овесна каша, риба, ореви, пилешко, зеленчук и грчки јогурт во вашата исхрана.
Не постои специјален план за исхрана, само избегнувајте шеќер. За појадок можете да јадете овес со грчки јогурт, и ако не ви се допаѓа вкусот, можете исто така да вметнете овошје. Овошјето содржи шеќер, но тоа е природен шеќер и затоа е дозволено. Бидете особено внимателни да останете хидрирани во текот на сите три дена на детоксикација. Пијте многу вода и незасладен чај, но ограничете се на една чаша кафе дневно, без шеќер, се разбира.