ЖивотУбави совети

Грешки поради кои пудрата брзо ја снемува од вашето лице!

Дали забележувате траги од пудра на облеката секој ден? Дали секој пат кога ќе го допрете лицето, слој од пудра ви останува на прстите? Ако одговорите на двете прашања се позитивни, време е да дознаете каде грешите:

Веројатно користите погрешна пудра која не одговара на вашиот тип на кожа– Основна работа на која треба да внимавате е изборот на пудра што одговара на вашиот тип на кожа. За луѓето кои имаат мрсна кожа, се препорачува да користат посува пура вез масло и да го направат завршетокот со камена пудра за  понатамошно подобрување на изгледот на кожата. За мека кожа, како и за хидратација на суво лице се препорачува течна пудра или BB крем.

Не нанесувате прајмер пред да нанесете пудра – Лицето треба да го исчистите добро, а потоа да нанесете тенок слој дневен крем кој одговара на вашата кожа. Изборот на соодветна крема е важен фактор кој ќе овозможи пудрата подобро да се прилепи на кожата. Кога кожата ќе ја апсорбира содржината на кремот, може да ја нанесете пудрата. После тоа мора да се примени добар прајмер. Брзо ќе се уверите дека добар прајмер злато вреди!

Поврзани статии

Back to top button