Без љубов, никој и ништо сме…
Вистина е дека љубовта го движи светот! Без љубов, не се може ништо. Може ви звучи на патетичен муабет, ама не е воопшто така. Ајде да бидеме малку реални.
Нели кога го пиете омиленотот кафе вистински уживате? Нели кога го облекувате омилениот фустан се чувствувате полесно и поубаво? Кога ја работите работата која ја сакате ја работите темелно, одговорно и со емоции. Го гушкате човекот кој е вашата љубов и болката се намалува. Ја вечерате омилената пита од баба и безгрижно заспивате. Сè, буквално се во животот кое го правиме со кеиф и со љубов е убаво и лесно. На кој му е мака да ги прави работите кои го радуваат? На никој, нели?! Во се и секаде внесете љубов!
Придвижете се себеси и светот со љубов! Внесете ја во секоја мала и голема работа која што ја правите. Оти без љубов, никој и ништо сме…