ЖивотУбави совети

Стапалата постојано ви се испотени и мокри?

Без оглед на фактот дека не ви е топло, не се потите, терморегулацијата на вашето тело е нормална, нозете постојано ви се испотени и влажни?
Природата има решенија за оваа непријатност:

Доколку ве мачи непријатниот мирис на стапалата, купете чевли изработени од природна кожа, по можност не е премногу обоена, бидејќи овие постапки ги затвораат порите и го спречуваат дишењето, како за чевлите, така и за стапалата.

Носете чорапи од природни влакна и носете еден пар чевли само еден ден. Потоа оставете го тој пар чевли два дена за целосно да се исуши и така ќе се ослободите од бактериите.

Покрај редовната хигиена, подгответе специјална бања за стапала:

Рецепт:

  • даб, кора 50гр
  • орев, лист 50 гр
  • даб желад 50 гр

Подготовка:
Во четири литри врела вода, ставете 70 гр од смесата и варете на тивок оган 10 минути.

Користете:
Кога ќе се олади, држете ги стапалата во овој чај околу 30 минути, а потоа оставете ги нозете сами да се исушат. Облечете памучни чорапи.

Поврзани статии

Back to top button