Убави книги и филмови

Специфични книги кои ќе се врежат во сеќавањето на секој читател!

Прочитајте ги овие три фантастични книги. Запознајте се со приказни и ликови кои никогаш нема да ги заборавите. 

Роза за балерината (Лурлин МекДаниел) Верувате ли во љубов на прв поглед која трае цел живот? Верувате ли во пасија која ве крева на нозе и тогаш кога животот со сета сила зема замав за да ве турне на земја? Приказна за едно пријателство која не може да не ве трогне. Приказна за една љубов која не може да не ве расплаче. Приказна за една приказна која ќе ја раскажувате со тага во гласот!

Девојката која ја бркаше месечината (Сара Адисон Ален) Ова е приказна полна со слатка магија, приказна во која две изгубени девојки го наоѓаат своето место под месечината. Емили Бенедикт доаѓа во Малабај, Северна Каролина, надевајќи се дека ќе реши барем дел од мистериите кои се вртат околу смртта на нејзината мајка. Но во моментот кога стапнува во куќата во која пораснала нејзината мајка, каде го запознава нејзиниот дедо – еден вистински чуден и неверојатно нежен џин – таа сфаќа дека мистериите во Малабај не се решаваат, напротив, тие овде се начин на живот…

Ние бевме лажговци (Е.Локхарт) Приказна со шокантен и незаборавен крај. Љубов. Несреќа. тајна. Лаги и лаги. Прекрасно, богато и специфично семејство. Приватен остров…Брилијантно, повредено девојче, страсно, посиромашно момче. Група од четири пријатели – Лажговците – чие пријателство станува деструктивно.Револуција. Несреќа. Тајна. Лаги врз лаги врз лаги. Вистинска љубов. Вистината. Ако некој ве праша како завршува книгата ИЗЛАЖЕТЕ го!

 

Поврзани статии

Back to top button