Убави книги и филмови

Книги кои ви требаат во вашата домашна библиотека!

Збогатете ја душата со нови возбудливи приказни, збогатете ја и домашната библиотека со нови интересни книги!

Старомодниот водич за љубов и романса (Кирсти Гринвуд) Џесика Бим е девојка која знае да се забавува. Само што во последно време заборава да се појави на работа навреме. Или во чисти алишта. Кога на нејзината најдобра пријателка и шефица конечно ѝ доаѓа преку глава, Џесика одеднаш останува без работа и без дом, па нема друг избор, освен да ја побара својата баба, која никогаш ја нема запознаено. Но, ни на Матилда Бим не ѝ оди којзнае колку добро. Нејзините бестселери од времето кои ги учеле жените како да освојат маж на старомоден начин се потполно непрактични во ова модерно време и никој не сака да ги издаде за да ја извлече од тешките финансиски проблеми.

Можеби никогаш (Колин Хувер) Можеби и таа ќе научи да сака некогаш.  За сите кои веќе ја прочитаа Можеби некогаш…Колин Хувер, авторката на Можеби некогаш, брилијантно ја оживува приказната на харизматичниот и смешен Ворен и специфичната, постојано лута Бриџит во нова новела, Можеби никогаш.
Кога Ворен добива шанса да живее со цимерка девојка, тој веднаш се согласува.
Можеби промената би можела да стане интересна некогаш. Или можеби никогаш.Дали Бриџит некогаш ќе омекне и конечно ќе научи да сака?
Можеби, некогаш. Или можеби никогаш.

Еленор и Парк (Реинбоу Ровел) Првата љубов не се заборава никогаш! Особено не кога ќе дојде вака… Две необични личности кои никако не можат да се вклопат никаде… И една исклучителна љубов…

 

Поврзани статии

Back to top button