ДомУбави совети

Со мал буџет до прекрасно бохо катче како од Медитеранот – направете тераса од соништата!

Предноста на малата тераса е што без многу инвестиции може да се претвори во зелена оаза во срцето на градот, ваше парче рај во кое ќе уживате до доцна есен. Еве како да декорирате тераса во бохо стил.

Во текот на пролетта и летото најголем дел од времето го поминуваме на отворено, а кој има тераса знае колку тоа значи, особено наутро и навечер кога температурите се пријатни, а со тоа и атмосферата е на својот врв. Ништо не е поубаво од утринското кафе додека гледате во зеленилото или опуштеното уживање кога ќе падне ноќ и ќе замолкне целиот град. Терасата е нашата „втора дневна соба“ и затоа треба да биде опремена така да биде тивко и убаво катче, по ваш вкус.

Доколку ви се допаѓа бохо стилот, кој е многу популарен во последните години, одлучете се за природни материјали – дрво, бамбус, текстил… Во случај вашата тераса да е мала, не бара многу инвестиции. Воопшто не мора да купувате комплет за седење или столчиња, можете да го направите од палети. Единствената инвестиција во овој случај ќе биде бојата за дрво и перничињата за седишта. Ако знаете да шиете, можете сами да ги направите!

Околу оградата можете да ставите ролни од бамбус кои ќе ве заштитат од сонцето, но и од погледот или само да ги наредите саксиите со зеленило или цветови. Не заборавајте на ѕидовите – на нив можете да закачите држачи за цвеќе или едноставни украси – зашрафете обични плетени корпи со различни големини, огледало, хеклан предмет, теписерија …

Доколку имате простор и буџетот ви дозволува, инвестирајте во плетена лулашка.

 

Поврзани статии

Back to top button