ЖивотУбави совети
Соленки со сусам и сончоглед – брза подготовка!
Домашни грицки за кои ви е потребно околу половина час подготовка.
Потребни состојки: 100мл масло, 250гр брашно, 60гр семки од сончоглед, 60 гр сусам, 100мл бело вино, пола кесичка прашок за печиво и пола лажичка сол.
Подготовка: Во длабок сад ставете го виното, маслото, семките, сусамот и солта и добро измешајте се заедно. Мешајки додавајте го брашното. Измешајте се заедно за да добиете меко тесто и оставете го околу еден час во фрижидер. Потоа растегнете кора и формирајте ленти. Печете ги соленките додека не заруменат од двете страни, на 200 степени.