Совети за сите почетници во некој спорт!
Во продолжение ви нудиме неколку совети кои многу ќе ви помогнат да ја зголемите кондицијата и да се чувствувате како дома на новиот терен.
Купете си опрема. Немојте да купувате скапа и брендирана спортска опрема само да да го платите брендот а да не се чувствувате удобно. Пред се најважна е комоцијата, сигурноста и удобноста.
Бидете трпеливи. Пред се најважно е да се помирите со фактот дека секој почеток е тежок и долг. Дека на вашето тело му е потребно време да се навикне на новиот начин на живот.
Побарајте помош. Секогаш кога нешто не знаете или се двоумите, прашајте некој поискусен, не срамете се. Учете од оние кои повеќе знаат од вас, а со тек на времето и искуството вас ќе ве усоврши.
Убаво истражете. Пред да започнете и да се одлучите со коква физичка активност ќе го трошите слободното време морално е да истражите за каков спорт треба да се одлучите и за каков спорт важетот тело и енергија се спремни.
Бидете толерантни и внимателни кон себе. Дајте си време, не форсирајте се. Полека се качуваат скалите кои водат кон врвот!