ЖивотУбави совети

Здрав ручек готов за 10 минути!

Некогаш подготовката на ручек знае да биде напорна. Има денови кога не знаеме и немаме идеја што вкусно и здраво да подготвиме за ручек. За денес ви одбравме супер интересен рецепт за раженчиња од ослич.

Потребни состојки: 500гр филети од ослич, китка магдонос, неколку ловорови листови, маслиново масло, сол и црн пипер.

Исечете го осличот на не многу мали коцки. На мали стапчиња за ражнич редете ред риба ред ловоров лист. Ставете ги на плех поставен со хартија за печење намастена со малку маслиново масло и покријте ги со намастена хартија за печење па печете ги во загреана рерна 5 минути. Извадете ги, посолете ги, попиперете ги и посипете ги со исечканиот магдонос. Полијте ги со три лажици масло, па оставете ги во исклучена рерна уште три минути.

На здравје!

Поврзани статии

Back to top button