Сите нијанси на волшебната Андалузија
Андалузија е најголемиот шпански регион со места кои вредат да се посетат како Севиља, Кордоба, Малага, Гранада…
Тука се сретнуваат Средоземното Море и Атлантскиот Океан. Тука е местото каде историјата напишала важни приказни.
Андалузија е лулка на коридата, фламенкото, гитарата… Сонце, страст, звуци на фламенко и впечатливи бои, тоа е Андалузија, регион во кој се допираат истокот и западот во егзотична мешавина од традиционалните: шпанска, еврејска и арапска култура.
Инспириран од ова, пилотот од Белгија, Giel Sweertvaegher кој се заминава и со фотографија, одлучил да направи интересен фото проект наречен: Боите на Андалузија.
Уверете се зошто Андалузија е еден од најколоритните региони во светот и уште денеска резервирајте си авионски карти за едно незабораавно патување полно со бои, мириси, вкусови и традиции.