Силните луѓе не паѓаат во несвест!
Сите сакаме да сме јаки, емоционално силни луѓе. Но, сте се запрашале ли некогаш какви навистина се силните луѓе?
Тие знаат да бидат неодговорни кон себе, а најодговорни кон целиот свет. А нивниот свет се многу луѓе. И сакаат сите околу нив да се среќни, иако тие самите можеби се несреќни.
Силните луѓе знаат дека немаат право да се разболат или да паднат во несвест, се додека има луѓе за кои треба да се грижат или зависат од нив.
И во најголемата паника, тие би спасувале некој друг, наместо себеси.
И во најголемата немаштија, тие би нахраниле некој друг, наместо своето гладно срце.
Но, тие знаат да бидат осамени. И тоа многу. Не затоа што не трпат никого околу себе, туку затоа што од сите луѓе околу нив, нема еден што би препознал дека и тие можат да бидат уплашени, испаничени, тажни или депресивни…
Со јаките луѓе не е лесно. Некогаш со денови ќе ја трпите нивната тишина. Но, ако еднаш ја добиете нивната грижа и поддршка секогаш ќе ја имате!