Од насУбави муабети

СЕ РАДУВАМ НА НЕГОВИОТ РОДЕНДЕН КАКО ДА Е МОЈ!

Се радувам на денот на неговиот роденден како да е мој. Секој негов роденден е најголемиот празник во годината. Го славиме животот, големата и убава вистина дека старееме заедно, еден покрај друг. А, нема ништо поубаво од тоа да стареам покрај човекот кој прави да се чувствувам како да сум единствена во цела вселена. За секој негов роденден, ќе пишувам по една приказна иако илјадници книги не се доволни за да ја доловат еуфоријата која ја чувствувам. Јас му благодарам на Бога за овој ден. Искрено и благодарам и на неговата мајка што го донела на овој свет здрав, умен и борбен. Овој ден ќе славам и за уште една година помината заедно. Возбудена сум секој негов роденден. Од возбуда не знам што попрво да му посакам, но и да му подарам. Му посакувам во спокој, мир, радост и убавини да му врват годините. Да си дочека длабока старост во која ќе ужива во убави спомени од младоста, во искрена љубов како во сегашноста. А, и овој роденден повторно безусловно ќе му го подарам моето срце. И наредниот, и наредниот и наредниот!

Поврзани статии

Back to top button