Од васУбави муабети

Сакам почетоци, тие најдолго се паметат!

Не ми излегува нашиот почеток од глава. Сакам да се врати, да ме сакаш, да ми се радуваш, да ме посакуваш и сонуваш. Да се трудиш за нас, за нашето, за единственото што ни е. Сакам хемијата повторно да проработи, да ти блескаат очите од страст, да копнееш по мене кога ме нема, да заборавиш на се околу… Само на нас да мислиш. Нашето да е повторно твој приоритет. После толку време, ти сега низ прсти ми се лизгаш, те чувствувам и те преколнувам. Потајно во себе те проколнувам и мразам. Од среќна, позитивна и насмеана ти направи тажна и очајна жена. Тагата ми е на гости секој ден, те имам а те немам. Тука си а толку далеку си. Мој, а тотално туѓ.

Поврзани статии

Back to top button