Ролат од готови кори!
Ако тестенините ви се омилени и обожувате тесто овој рецепт со сигурност ќе ви се допадне. Брз и едноставен за подготовка. Наздравје!
Состојки:
500гр кори за пита
1 чаша гриз
250гр кравјо сирење
4 јајца
1 чаша јогурт
200мл масло
1 прашок за печиво
100гр сусам
Три јајца кршиме и ги делиме жолчките од белките. Белките се ставаат во длабог сад и се матат додека не се згуснат. Во сматената смеса се додава прашокот за печиво, сол, масло и јогурт. Потоа убаво се промешува па се додаваа гризот и сирењето. Првата, втората и третата кора се мачкаат со смесата од белки, а четвртата со смесата од жолчки. Се виткаат сите 4 кори како ролат а потоа се ставаат на замастен плех за печење. По подготвувањето на ролатите се крши четвртото јајце и се дели жолчката од белката. Во жолчката се додава масло и се премачкуваат одозгора ролатите. На крај попрскајте ги со сусам. На 200 степени се печат околу 20мин.