Некатегоризирано

Родители, внимавајте на лузните кај вашите дечиња бидејќи сонцето е силно

Лузните се природен дел од процесот на лекување на самата кожата и е потребна дополнителна заштита, бидејќи лузна е многу чувствителна на сончевите зраци.

Стар апсурден момент е дека лузните треба да бидат изложени на сончање за да би се изгубиле или маскирале со самиот момент на сончање . Последно нешто што треба да биде изложено на сончање е баш лузната. Еве зошто:

Лузна се разликува од нормална кожа. Тоа е различен дел на кожата по изглед и  функција. Лузните се помалку отпорни на ултравиолетовите зраци и многу повеќе склони кон изгореници, особено ако тие се свежи Подолгото изложување на сонце може да доведе до појава на трајни лузни, особено кај луѓето со потемна нијанса на кожата. Со директно изложување на сонце, не само што ќе ја смените бојата на лузната, но може да доведе до појава на  густо грануломатозно ткиво. И двата од овие ефекти врз лузна ќе ја направат повидлива и во иднина тешка за третман.

Лузните треба да бидат заштитени од продолжена или директна изложеност на сонце во текот на годината, посебно за време на топлите летни месеци. Користењето на препарати со кои ќе се спречи преголемата изложеност на сончева светлина се многубројни. Користење на крема со висок заштитен фактор(50) е најпожелна. Треба да се има на ум дека и самото потење го отстранува заштитниот фактор, затоа е подобро да се користат водоотпорни препарати дури и кога се оди и на пливање и на директна сончева изложеност. Потребно е користење на зеленчуци и овошје во исхраната кои се со висока концентрација на бета каротен и витамин Ц.

“Свежа” лузна се дефинира секоја лузна која е се уште розова, а “зрели” лузни се дефинираат  оние кои се со нормално пребојување на кожата и се меки и ограничени. Повеќето од дечињата кои имаат лузна се во поголема возраст и таму очекуваме лузната да е “зрела”. Додека децата кои се помала возраст имаат лузни од “свеж” тип таму треба да бидеме посебно внимателни.

Најдобро би било да “свежата” лузна добие посебен третман за нега и треба да се покрие со парче облека или месо боја лепенка, а денеска постојат и  лепенки со посебен дизајн и бои. Така на тој начин подобро ја заштитувате самата лузна од хиперпигментација и топлинско оштетување а и овој начин води кон подобро излекување на и избледување на самата лузна.

Хиперпигментираните лузни може да се отстранат со ласер  и многу други техники, но како и секогаш превенцијата е највреден момент дури и повеќе од лекот.Родители внимавајте на вашите дечиња и нивните лузни за да малите јунаци ни бидат здрави и убави.

Д-р. Ангелчо Андоновски, спец. педијатар

Поврзани статии

Back to top button