Некатегоризирано

Неделен хороскоп {14.08 – 20.08}

Што вели хороскопот за неделата што доаѓа?

ОВЕН

Работите на професионално поле полека се подобруваат. Оваа недела ќе имате можност да почеток на некој нов проект, но добро размислете дали ќе можете да го реализирате до крај. Пробајте да се релаксирате дома гледајќи некој филм, време е да направите пауза од вечерните излегувања. За време на викендот, очекувајте подобрување на односот со вашиот партнер.

БИК 

Оваа недела ќе имате некакви сомненижи во односите кон партерот/ката. Кон крајот на неделата состојбата ќе се подобри и ќе се тргнат облаците надвиснати над личниот живот. Ќе добиете нови задачи на работното место. Не одложувајте и одлучете дали е тоа добро за вас. Имате борбен карактер и ќе успеете да ги реализирате сите професионални желби!

БЛИЗНАЦИ

Вашата работа и завршувањето на веќе започнатите проекти, ќе ви бидат во прв план неделава, а гледајдте сето тоа да го завршите во понеделник и вторник, бидејќи тогаш ќе бидете полни со енергија. Иако звучи досадно, сѐ што ќе направите ќе биде во ваша корист. На средина на неделата најверојатно ќе бидете фокусирани на една одредена  личност.

РАК

Работите лесно ќе ги завршувате, а вашата самодоверба ќе расте. Многумина овие денови ќе имаат можност да ги покажат и докажат своите способности. Ако сте сè уште сами, дотерајте се и излезете меѓу луѓе. Тие ве чекаат. Оние што се во врска ќе почувствуваат како се развива нивниот однос во вистинската насока. Ќе им биде мило.

ЛАВ 

Време е за романтика! Исполнете му некоја желба на партнерот и опуштете се во неговото присуство. Можеби токму поради вашата блискост врската ќе ви стане уште поцврста и поквалитетна. Петок ќе биде вашиот среќен ден неделава и ќе сакате да го поминете денот со драги луѓе, како што е вашето семејство или пријателите.

ДЕВИЦА

Неделата што доаѓа ќе ве разнежни и ќе бидете спремни на се само да видете насмевка на лицето на вашиот/а сакан/а. Уживајте во прекрасните мигови. Ќе почувствувате неверојатно задоволство од односите со партнерот. На работното место треба да бидете попретпазливи што зборувате пред колегите. За жал, не сите се добронамерни. Очекувајте приходи од некоја одамна завршена работа.

ВАГА

Односите со блиските не се многу добри. Не влегувајте во конфронтации бидејќи нема да добиете ништо. Особено бидете внимателно во комуникацијата со партнерот. На работното место ќе биде многу монотоно и се што правите ќе ви изгледа безсмислено. Ако работата не ве исполнува, побарајте нова. Не стравувајте од промените. Ќе имате приходи, но обидете се да заштедите дел од нив.

СКОРПИЈА

Оваа недела ќе се засили чувствителноста на озборувањата. За жал, ќе слушнете многу непријатни работи за вас. Обидете да извлечете поука од ова. Односите со партнерот/ката ќе бидат одлични. На работното место ќе бидете затрупани од задачи, кои нема да може да ги префрлете на некој ваш колега. Издржете пред искушението да купите некоја убава, но непотребна работа.

СТРЕЛЕЦ

На работното место ќе се случуваат значајни работи, а работата ќе добие на тежина. Тоа  е нешто што го обожувате, па ќе и се предадете на работата без задршка и безрезервно. Мноштвото забави и бројните излегувања на атрактивни места ќе бидат ретко видени доживувања кај вас овие денови. Уживајте, но немојте да заборавите и на оние мали вниманија кои многу им значат на луѓето. Особено на вашата драга личност.

ЈАРЕЦ

Потребно е повеќе да внимавате на вашето однесување и да ги држите неопходните дистанци во односите. Но, од друга страна нема да бидете репресирани и потиснати, токму спротивно. Ќе бидете лесно запалива материја и подготвени да напаѓате или да се браните. Тоа е добро; народот вели дека најдобрата одбрана е нападот. Шегата на страна, бидете внимателни и задржете ја контролата врз себе. На љубовен план, можни се тајни средби.

ВОДОЛИЈА 

Вашиот главен приоритет ќе биде доброто забавување и убавите моменти. Освен тоа и вашите хормоните летаат во воздухот како балони – вашето либидо е во погон. Но, положбата на ѕвездите активира некои прашања кои се поврзани со заеднички одлуки со партнерот и создава услови за недоразбирања. Веројатно ќе се отворат различни можности кои се поврзани со имотните прашања и добар развој на домашните и семејните околности.

РИБИ

Како што ќе поминува седмицата ќе биде сè појасно дека тоа што го работите има поголемо значење отколку што ви се чинело на почетокот. Тоа ќе ве мотивира да работите уште повеќе и уште подобро. Се наоѓате во фаза на богат социјален живот, но вашите ново настанати приватни односи ќе бидат од површен карактер. Сепак тоа не значи дека подоцна нема да се развие нешто подлабоко.

Поврзани статии

Back to top button