Рецепт за убав денУбави луѓе
Рецепт за убав ден на Јасмина Јошевска
Таа има напишано три поетски книги, а неодамна од печат излезе и четвртата, романот „Остани“. Вљубена е во пишаниот збор, но и во насмевките…
Низ ходниците каде се сплотуваат мислите и делата ја допирам вратата со светлосен праг. Како? Наутро, се будам како среќно битие кое без сомнение ги реализира своите обврски опкружувајќи се со луге кои знаат да ценат вистински вредности. Секоја минута е важна минута и максимално го исполнувам мојот ден создавајќи трајни вредности. Насмевката е најубавиот украс на еден човек затоа постојано е на моето лице. Се што правам, правам со љубов и се чувствувам благословено. Јас се пронајдов себеси затоа секој ден ми е исполнет со мали радости.