Рецепт за убав ден на Ѓорѓи Петрушев
Во рубриката “Рецепт за убав ден” денес се дружиме со талентираниот, уникатен, млад креатор Ѓорѓи Петрушев.
Рецептите се засноваат на начинот на кој состојките се соединуваат, па така и во секојдневниот живот важен е балансот помеѓу нашиот професинален живот, обврските и квалтитено поминатото време со нашите најмили. За мене убав ден значи исполнет ден со разни активности, како скицирање, истражување и барање инспирација за нови колекции, изработување нови креации, гледање добра серија и поминување на времето со блиски пријатели и моето семејство. Во рецептите понекогаш додаваме и одземаме состојки така и во животот не може секој ден да биде ист како претходниот, но најважно е да го искористиме максимално за да се чувствуваме среќно и исполнето.