Рецепт за убав денУбави луѓе

Рецепт за убав ден на Мери Бајрамовска

Денешниот рецепт за убав ден со вас го споделува професионалната мејкап артиската Мери Бајрамовса попозната како “Makeup by Meri”. 

Времето е еднакво за сите. Без разлика кој си, каде живееш или што правиш, сите ние имаме 24 часа на располагање за да извлечеме максимум од денот. Најважната одлука што треба да ја донесе човекот е одлуката за принципите по кои сака да живее, односно дали сака да живее во пријателски или непријателски свет. На нас е да одлучиме дали сакаме да живееме во пријателски или непријателски свет, а оваа одлука ја носиме секое утро. Соодветно, начинот на кој гледате кон светот влијае на тоа како че ви помине денот. Позитивното размислување ќе ве исполни со среќа и енергија, а кога го започнувате денот верувајќи дека светот е добар, станувате поподложни на негативни реакции доколку ви се случи нешто негативно. Начинот на кој го доживувате денот на самиот почеток влијае на бројот на добри работи кои ќе ви се случат во текот на денот. Не знам дали постои рецепт за убав ден, но знам дека секој од нас, не треба да заборави на ситните работи кои ни ја греат душата.

  1. Чувајте си го здравјето и духот.
  2. Почнете сега!
  3. Дали го креирате животот кој го сакате?
  4. Кажи што мислиш! И мисли го тоа.
  5. Љубовта е основа за се. Сакајте се себеси пред се. Тогаш раширете ја љубовта наоколу!
  6. Сите имаме избор. Изберете го вистинското за вас, но почитувајте ги другите.
  7. Бидете присутни.
  8. Забавувајте се! Смејте се! Играјте си!
  9. Давајте. Бидете дарежливи. Има доволно за сите.
  10. Превземете ризик. Стравот ќе го снема.
  11. Заборавете го тоа што не ви треба или тоа ќе ве успори вас.
  12. Бидете благодарни за тоа што го имате.
  13. Верувајте во добрите работи. Имајте верба!

 

Поврзани статии

Back to top button