Рецепт за убав денУбави луѓе
Рецепт за убав ден на Никола Симовски
Никола е млад и успешен мејк ап артист кој денеска раскажува за тоа што прави за денот да му биде убав.
Убав ден за мене е ден кој започнува без звукот на алармот. Без доволна количина на кофеин нема убав ден. Првото кафе го пијам исклучиво сам и посебно уживам во тие 40 минути додека разгледувам на интернет различни новости што мене ме интересираат. Разговор со пријателите, опкружување со позитивните луѓе и тоа како го прават денот убав. Во секој случај, денот ние самите правиме да ни биде убав, се зависи од нас, нашите мисли и гледишта. Никој не може да ви го уништи денот, освен ако вие сами не дозволите да се случи тоа.