Рецепт за убав денУбави луѓе

Рецепт за убав ден на Ирина Митевска

Денеска, рецептот за убав ден го споделува Ирина Митевска, пилатес – инструктор која раскажува кои се нештата кои и се секојдневие и го прават нејзиниот ден да е убав.

Првото нешто што ми се случува е алармот кој ме буди во 06ч…. Тешко е да станам во истиот момент, но, за мене најфикасниот аларм и будење се прегратките на Никола, син ми, кои траат долго, па така се расонуваме и двајцата.. Понекогаш мислам дека сме спремни да заборавиме на се и да останеме дома за таа најубава приказна да не заврши или престане, поради обврските… До доцна навечер сум со обврски, осмислување на редовна програма за групните и персонални часови. Утрото го почнувам со редовна хигиена, секако и ментална…. Потоа подготовки околу Никола за училиште и секако со цеден сок од најразлични овошја и житарици. Покрај рутината која веќе 15 години го исполнува мојот живот дневно реализирам обврски кои ме исполнуваат и се поврзани со професионалните перспективи и со приватните планови.

Во мојата деловна активност се вклучени убави моменти на заемна размена на енергија со девојките кои вежбаат бидејќи видлива е нивната желба овој ангажман да ги направи повитки, ведри и ослободени од секојдневните отрови и стресови, анксиозни моменти. Во меѓувреме, малите временски интервали во кои не сум професионално ангажирана ги минувам во реализација на административни обврски, деловни разговори, кафе муабет со моите драги пријатели и планови за утре или пак, за блиска иднина. Денот е напорен само тогаш кога преморот ме совладува, но, тоа никогаш не го признавам… Тука е клучот на енергијата, земам воздух и го реализирам се она што значи личен ангажман како менаџер на Powerhouse. Понекогаш станува тешко, но позитивата е во тоа дека правиш нешто за себе и за своите вработени…

Секогаш наоѓам простор за фотосесии кои од мене се бараат и во кои влегувам ангажирано, а на вечер денот го завршувам со подготовки на испити за постдипломските студии кои ме прават уште посилна и посигурна. Од ова се гледа дека мојот живот е Powerhouse ПИЛАТЕС, девојките и мојот син Никола, на кој му ги посветувам целосно викендите, слободното време и секако тогаш го надополнуваме заемното недостасување во текот на неделата или моментите кои ги пропуштаме.., Никола е мојот двигател, мотив и среќа.. Тој е мојата причина, за се што создадов! Неизмерна сила да го издржам напорот и неизвесноста кои ми го носи денот!

Поврзани статии

Back to top button