Рецепт за убав денУбави луѓе

Рецепт за убав ден на Милена Атанасова

Прочитајте го рецептот за убав ден на Милена Атанасова која вели дека основната и најважната состојка за убав ден е љубовта!

Мојот рецепт за убав ден, секогаш во основа содржи љубов, креативност, музика и пријатели, а ако е екстра убав, тогаш сигурно е внук ми Жан тука. 🙂 Деновиве завршивме со проектот “Мириса на дожд”, кој го работевме со Неда Дамчевска на Скопје Креатива. Во фокус сега ми е новата колекција „СЕДУМ“, која ќе биде изложена на овогодинешниот саем за современа уметност Paratissima Skopje.
Но претходно “Прво па женско”!
Значи, во најава се убави денови, исполнети со убави луѓе и позитивен креативен хаос. 🙂 Како и да е, мислам дека единствената состојка која има смисла и всушност е неопходна во секој рецепт, во сечиј убав ден е љубовта, во која било форма…
Нема терк, сѐ е релативно! Затоа ви посакувам убави љубовни денови, по ваши мерки… 😉

Поврзани статии

Back to top button