Рецепт за убав ден на Ивана Наскова
Ја знаете како водителка на добропознтата емисија „На шанк“. Ивана Наскова денеска со нас ја споделува убавината на денот…
Мојот убав ден започнува со чаша вода и кафе, првата голтка кафе ме расонува и ме буди, пред неа не сум ниту за муабет ниту за работа. Тешко се будам бидејќи како што сакам да кажам, сум хорнично ненаспана 🙂 Денот го сакам многу повеќе кога ќе станам рано и ќе излезам надвор, тогаш ми е поубвав. Мирис на косена трева, песна на птици, џагор, со еден збор пролет и јас сум среќна. Пролетта ми е омиленото годишно време. Започнуваат работните обврски од 8 до 16 часот, па продолжувам во студио на снимање на емисијата На Шанк, по снимањето продолжувам на кафе за да ја обновам енергијата зошто ме чекаат уште снимања на Стенд Ап клиповите и подготовки за Стенд Ап настапите. По снимањето додека монтираме со колегата Димса, ми текнува дека ми фалат уште неколку часа од денот за да завршам сè, но затоа што го работам тоа што го сакам не ми е проблем, среќна сум 🙂 Се враќам дома и тогаш веќе само сакам да се гушнам со дечко ми и да уживаме заедно во некој добар филм, ако има уште сила останато во мене ќе искористам уште некој час за да пишувам и сработам уште нешто пред спиење, а ако не, само се свртувам, го гушкам и заспивам ко бебе 🙂