Рецепт за убав денУбави луѓе

Рецепт за убав ден на Драгана Гунин

Со читателите на ubavo.mk, рецептот за убав ден го споделува оваа млада режисерка на која љубовта и е главна состојка…

После премиера на претставата “А што потоа” секој ден ми е различен во однос на обврски и работа, меѓутоа исполнет максимално. Менувам и градови, ама главните обврски се во Скопје.
Сега одам на проба, а до вечер имам и состанок за понатамошни гостувања на гореспоменатата претстава и час со децата во „Пет плус“ драмско студио. Се подготвувам и за учество на фестивалот „Прво па женско“.
И да, секогаш, убавиот ден содржи многу дружба со супер луѓе, креативни разговори, планирање на следни проекти, љубов, фантазирање, кафе, книги, уметност и борби (некогаш со себе, некогаш со времето, со општествово) што се на репертоар секој ден. 🙂 Многу ми е важно деновите да ми се исполнети со идеи, работа, убави луѓе и места, каде се изнаоѓаат нови начини да се работи театар и да се ужива. И во сè да има љубов. Планирам и каде да патувам следно ама сè си мислам ќе биде Сараево.
Имајте убав сончев ден, исполнет и весел. Искористете го за создавање нешто ново и свое.

Поврзани статии

Back to top button