Рецепт за убав ден на Давор Панчевски
Денеска во рубриката “Рецепт за убав ден” се дружиме со Давор, Dave’s Kitchen – неговата книга Гответе насмеани е веќе во продажба. Тој има супер оргинален рецепт за убав ден. Уживајте!
Потребни состојки:
1 шанса
100 гр. среќа
200 гр. здравје
1 филџан инспирација (филџанот е од 200мл.)
¼ филџан посветеност
5 ситно исечкани спомени
2 филџани љубов
Во еден сад измешајте ја среќата и здравјето. Додадете малку по малку инспирација со постепено промешување. Потоа, внимателно додадете го трудот и посветеноста. Скршете ја шансата и одвојте го успехот од неуспехот. Успехот додадете го во смесата. Мешајте додека не добиете хомогена смеса. Додадете ги спомените. Сипете од љубовта додека се уште промешувате, тоа ќе го намали горчливиот вкус на спомените. Претурете ја смесата во тавче обложено со хартија за печење и печете на загреана рерна од 220 степени и печете околу 30 минути. Се служи со многу насмевки и драги личности.