Рецепт за убав денУбави луѓе

Рецепт за убав ден на Андреј Папаз Ѓоргиевски

Во рубриката „Рецепт за убав ден“ дознаваме кои се нештата коишто му го прават денот убав на талентираниот моден дизајнер и костимограф, Андреј Папаз Ѓоргиевски.

Не знам дали воопшто постои некаков рецепт кој би ја загарантирал убавината на денот, но секако дека постојат неколку нешта што прават мојот ден да има позитивен тек. Пред сè тоа е добриот и прецизен план на сите работни обврски. Активно и продуктивно поминат ден секогаш ме прави задоволен, а трката со сам себе ми е мотивација за секое ново утро. Убаво распоредените работни обврски ми прават простор и за моето приватно време (иако во последно речиси и да го немам). Се трудам да имам редовни тренинзи во теретана, бидејки тоа е местото каде нема простор за било какви мисли освен фокусот кон сам себе. Задоволство ми прави времето поминато во театар или кино и кафе муабет што го одделувам барем неколку пати неделно со некоја блиска личност за да размениме позитивна енергија. Сè на сè, убавите нешта доаѓаат неочекувано и во мали пакувања, често само еден поглед ме прави убаво да се чувствувам.

Поврзани статии

Back to top button