Рецепт за убав денУбави луѓе

Рецепт за убав ден на Александра Огненовска

Рецептот за убав ден денеска го споделува Александра Огненовска, на која театарот и е најголемата љубов. Таа верува дека секој треба да ја најде убавината во животот…

Иако тешко се будам, лесно успевам да си го наместам својот животен часовник. Денот не смее да започне без шолја кафе и светла насмевка на лицето. Со оглед на тоа што се занимавам со театар, мојата возбуда е пронаоѓање на нов предизвик на сцената наречена живот. После утринското кафе, се фрлам во преграките на животот и сум спремна за ново креативно остварување. Се она што значи утро, пладне, попладне и вечер во мојата животна авантура има своја точка на пресврт, па така убавината ми е во т.н. креативна гужва што ми се случува секој ден, дури и тогаш кога театарот не е на сцена, туку во постојана комуникација со оние кои ми влегуваат и излегуваат од животот.

Јас научив да не го јадам животот, не сум дигестивна девојка, јас го метаболизирам. Креативниот крвоток на мојот ден е со возбуда која следниот ден ја складирам како животно искуство. Тоа ме прави многу среќна затоа што на таков начин моите пријатели не поминуваат покрај мене, туку се секогаш тука, со мене. Дури и моите непријатели. Со оглед на тоа што мојата секојдневна среќа е драматурски многу густа, непријателите се само продукт на она што утре ке биде ПРЕТСТАВА.

Оние со кои работам и со кои ќе работам се кастинг кој ми го прави животот, а јас сум сигурна дека го режирам во вистинска насока.

Театарот е магија на која со сигурност и се препуштам.

Знам дека никогаш нема да ме изневери.

А вие, секое утро будете се со насмевка на лицето, заспивајте во прегратките на оние кои најмногу ги сакате, и верувајте во подобро утре затоа што самите го креираме денот и го пронаоѓаме убавото во него.

Поврзани статии

Back to top button