Убави книги и филмови

Предлог три книги за убав есенски викенд!

Љубов под маски (Хана Филдинг) Млада писателка се заплеткува во забранета љубовна врска со Гитано, полна со тајни, измама и со мрачни страсти.
Лето, 1976 година. Луз де Руеда се враќа во својата сакана Шпанија и прифаќа работа како биограф на еден познат уметник. На нејзиниот прв ден во Кадиз, запознава еден волшебен млад Циган по име Леандро, кој во истиот момент го заробува нејзиното срце, иако врските од овој вид се табу. Прогонувана од оваа забранета љубов, го запознава својот нов шеф, софистираниот Андрес де Калдерон. Воздржан, а сепак интригантен, сосема поинаков од Леандро, но на лик – негов двојник. И двајцата мажи во Луз разгоруваат непознати и возбудливи желби, но Луз тукушто треба да ја открие мистеријата и опасноста што ја носат.
Луз треба да го открие вистинскиот пат за неа, додека блескавиот Кадиз, со мистичната месечина и со певливите тиркизни брегови ѝ се враќа во крвта. Зошто толку ја привлекуваат дивите и магични Цигани? Што се крие зад старите застрашувачки предвидувања за астролошкиот знак Близнаци? Низ овој лавиринт на тајни и на лаги, дали Луз ќе ја најде својата среќа… или својот крај?
„Љубов под маски“ е приказна за забранета љубов, вистина и доверба. Дали изгледот секогаш лаже?

Последното нешто што ми го кажа таа (Линда Грин) Непосредно пред својата смрт, бабата на Никола, Бети, ѝ шепоти дека на крајот од дворот се наоѓаат нејзините деца. Мајката на Никола, пак, тврди дека станува збор за бесмислени и неповрзани зборови изговорени од страна на жена што се наоѓа на смртна постела.Но кога ќерката на Никола ќе пронајде коска додека си игра во градината на Бети, станува јасно дека градината крие страшни и мрачни тајни од минатото. Дали откривањето на болните семејни тајни ќе го уништи семејството на Никола?

Семејството на Симон (Маријане Фредриксон) Уште во своето детство, Симон Ларсон имаше чувство дека нешто од неговото минатото не се совпаѓа. Пространото море што ги удира шведските брегови му буди чувство на осаменост и потреба за конекција и слобода. Но слобода од што? И зошто Симон се чувствува толку осамено кога има прекрасно семејство што го сака? Неговата мајка, Карин, е глава на куќата, и личност која секогаш е подготвена да помогне. Ерик, татко му, живее за едноставниот сон, еден ден да има бродоградилиште. Историјата ги присилила овие луѓе да кријат страшна тајна од Симон – еден ден, ако тајната се открие, може да ги уништи нивните животи.
Додека Втората светска војна фрла сенка на Европа, а Ерик го регрутираат во борба, Симон склопува необично пријателство со неговиот соученик, евреинот Исак Лентов. Ова пријателство засекогаш ќе ги промени нивните животи и ќе ги спои нивните семејства изложени на срам, предавство, војна и лудило. Но нештата се менуваат и никој нема да остане ист…

Поврзани статии

Back to top button