Понижувањето го убило писателот…
Понижување, една од најтешките психолошки трауми.
Понижувањето ја уништува главната морална вредност на личноста – чувството за сопствено достоинство.Кога некое лице доживува и трпи понижување, во него веднаш се развива и голема количина на нервоза. Ова е научно докажано. Без разлика на тоа каков вид на тренинг и психолошки методи на дејствување се користи, понижување неизбежно го уништува телото и го труе умот. Од низа понижувања, еден човек може физички да умре.
Писателот Николај Рубцов го поканиле да патува заедно со други колеги на брод. Тој бил човек кој го сакал алкохолот, како и многу поети, не успеал да се снајде на животната сцена а се тоа допринело да преживува со нарушена репутација. На патувањето му било доделено место за спиење во ходникот. Сите други писатели во кабини, а Рубцов во ходник, на кауч.
Навистина, писателите секое утро се прашувале дали на колегата му е удобно во ходникот. Како спие? Дали го удира промаја? Дали му тешко за него? Писателот Рупцов им велел дека му е сосема удобно. Но, по патувањето тој почнал да пие редовно, целосно пропаднал и се уништил. По краток период неговиот живот навистина згаснал… Иако тој би требало да биде навикнат на удари со понижувања уште од домот за деца без родители во кој пораснал како сираче и од него излегол како човек кој се уништува со алкохол…
Но, душата не може да се навикне на понижување.