МодаУбави совети
Погледнете што донесе модата!
Сведоци сме дека модата секојдневно се менува. Ако со внимание ја следите и ја обожувате модата сигурно веќе знаете дека розовите фризури се носат ширум светот.
Во сите нијанси и комбинации, со посветли и потемни прамени. Ако сте на мисла да ја освежите и промените бојата на косата ова е идеална идеја за вас. Во зависност од вашиот карактер и вашиот стил одберете ја соодветната нијанса на розово. Моментално најзастапена и најносена е “Candy pink” нијансата која е за оние кои не сакаат многу впечатлива и драстична промена.