ЖивотУбави совети

Пет проверени трикови како да намалите килограми до новогодишната ноќ!

Ова се трикови кои носат добар резултат!

Совет Плус: Секојдневно пијте вода со ѓумбир и лимон. Оваа комбинација ги намалува надуеноста, килограми и го уништува целулитот. Вреди да се пробаат!

1. Едно јаболко на ден

15 минути пред секој оброк јадете јаболко и оброкот ќе биде барем преполовен.  Неодамнешните истражувања покажаа дека луѓето кои консумираат јаболко 15 минути пред јадење, внесуваат 15 проценти помалку калории за време на оброците.

2. Научете кога сте сити

Можете да бидете целосно најадени, дури и без да знаете. Истражувањата покажуваат дека повеќето луѓе дури и не знаат како е да се чувстуваат сито и затоа продолжуваат да јадат.

3. Отстранете го “лажниот” шеќер

Ако сметате дека сте постојано гладни, прво мора да ги исфрлите засладувачите. Надокнадете ја потребата за шеќер со овошје.

4. Избирајте маснотии внимателно

Можеби ви се чини дека масниот вкусен стек ќе биде полош од авокадото, но не сте во право. Истражување покажало дека јаткастите плодови или растителните масла подобро влијаат врз формирањето на масти од животинските масти.

Заборавете на заразните закуски

Храната што може да ја јадете без грижи вклучува свеж зеленчук, омлет или пуканки  (без сол и маснотии), никако чипс и слична храна.

5. Заменете ги стандардните оброци со поздрави варијанти

Наместо голем сендвич, јадете половина мала салата како мезе, овошје и пијте чај. Или, заменете ги тестенините со морска храна и зеленчук.

Поврзани статии

Back to top button