ЖивотУбави совети

Трик кој ќе им користи на сите жени: Како да изберете совршен градник?

Европските мерки за градници се од 65, 70, 75 .., додека длабочините на корпите се означени со букви, почнувајќи од А до Д. Мерките означени со бројки се мерки под градите. Значи, земете кројачко метро и завиткајте околу градите, но останете на висината на која го носите градникот. Заокружете го бројот што го добивате до најблиската претходна големина.

На пример: се измеривте и добивте 78 см, не треба да земате градник чија големина е 80, туку 75. Тоа е затоа што градниците имаат копчиња кои служат токму за тоа – да го зголемат растојанието за градникот да ви стои поудобно на вашиот градите.

Кога станува збор за корпите, нивните големини, како што веќе знаете, се одредуваат со букви. За да одредите која корпа е совршена за вас, треба да го измерите обемот над брадавиците на градите.

Ќе треба малку да броите, но не грижете се, не е страшно.

Споредете ги двата добиени резултати – мерката под градите и мерката над градите. Ако обемот над градите е поголем од обемот под нив во интервал од 12 до 14 см – тогаш ви одговара корпа.

Ако таа разлика е во опсег од 14 до 16 cm тогаш вашата корпа е B и така натаму. Во ова може да ви помогнат и калкулаторите на Интернет. Сè што треба да имате е метро и веќе сте завршиле половина од работата.

Не заборавајте, градниците не се направени за да ве боцкаат и мачат, ниту да ви ги стискаат градите и да ви се исечат во кожа.

Градникот што го носите треба да ви дава чувство дека некој ги држи вашите гради со раце, што дефинитивно е многу подобро чувство од градниците што ги носите моментално.

Значи, жени, броете и пронајдете си го совршениот градник!

Поврзани статии

Back to top button