Осаменоста не смее да те врати кај погрешниот!
Често пати сум сведок на приказни осудени на вечност само поради навика, страв, осаменост и слаба почит кон себе. Нешто кое најмногу ме збунува е тоа како е можно да живееш со некој кој не го љубиш, кој не ти ја зоврива крвта и не ти предизвикува спокојство. Како можеш да се вратиш онаму каде што си газел и си плукал. Зарем сега можеш да излижеш се и да заборавиш? Толку ли е силно и непобедливо чувството на осаменост? Зарем вреди животот да го минеш со некој кој ти е само навика и стара опсесија?
Ме мачат овие прашања, и куп други. Ме мачи помислата дека многу луѓе околу мене преживуваат наместо да живеат. Ради ред им минува часот, денот, месецот а бога ми и животот.
Јас се уште се водам според онаа стара и добро позната изрека Подобро сам отколку со било кој. Само среќна врска е успешна врска, не се залажувајте дека кавгите се од љубов и дека прекините се за доброто на врската. Добра врска и кога е прекината не прекинува. Со добра врска треба да се будиш и да заспиваш. За добра врска треба првенствено себе си да се сакаш и цениш… Чувството на осаменост не смее да те надвладее и да те врати онаму каде се враќаш само кога немаш каде.