Од удобноста на својот дом сакате да го слушнете срцето на вашето бебе?
Корисни идеи од апликации кои можат да ви помогнат да забремените, да сте во тек што се случува со вашето бебе од недела до недела…
Дигитализацијата веќе не е новина. Сосема е јасно дека со помош на разни уреди денес можеме да постигнеме скоро сè. Од удобноста на вашиот дом, може да се обезбеди шопинг, плаќање на сметки, учење на странски јазици или онлајн образование, можете да обезбедите сертификати кои ќе дојдат директно на вашиот имаил, а со разни апликации на вашите паметни телефони дури и може го следите развојот на вашата бременост. Ние истраживме кои интересни апликации можете да ги користите и кои се нивните предности и недостатоци.
My Baby’s Beat
Оваа апликација е многу лесна за употреба и е наменета да го слуша срцето на вашето бебе. Ги следи срцевите отчукувања, легнувајќи на грб, поставете го микрофонот на мобилниот телефон на долниот дел на стомакот и почекајте неколку минути се додека не се појави нежниот звук на срцето на бебето. Можете да ги зачувате снимките од срцето на вашето бебе, потоа да ги споделите на социјални мрежи или да ги слушате кога сакате повторно 🙂 . Минус за оваа апликација е тоа што е достапна исклучиво за iOS.