Убави книги и филмови

Од книги никогаш доста?

За сите оние кои уживаат во пишаниот збор, во откривање на туѓи судбини, различни менталитети и светови одвоивме три супер интересни книги кои вредат да бидат дел од сечија мини домашна библиотека.

 

Кога доцни принцот (Велко Неделковски)  Овој роман претставува една прекрасна приказна за љубовта и животот на младите луѓе во нашата земја. Авторот сосема реално го прикажува животот на младите девојки и нивните соништа, стравови, желби и копнежи.

На балконот и дождот мириса поинаку (Гордана Куиќ) Во настојување да ја прикаже судбината на едно еврејско семејство од нашето поднебје, авторот всушност отиде многу подалеку: покажа дека од неминовноста на историјата не може да се побегне. Ја наслика историјата како змеј којшто во циклични периоди се враќа, но и како налудничав шегаџија кој во секој момент е подготвен да ја смени бојата на фигурите со кои си игра.

Град на чудовишта (Ренсом Ригс) Десет необични деца бегаат од армија смртоносни чудовишта. Единствената личност што може да им помогне е заглавена во тело на птица. Неверојатното патување што започна во “Домот за необични деца на госпоѓица Перегрин“ продолжува со Џејкоб и неговите нови пријатели и со нивното патување во Лондон, центарот на необичност. Се надеваат дека таму ќе можат да пронајдат лек за нивната директорка, госпоѓицата Перегрин. Но, во градот кој е разурнат од војната, од секој агол ѕиркаат ужасни изненадувања. А покрај борбата за да ги однесе своите пријатели на безбедно место, Џејкоб мора да донесе и важна одлука за својот однос со Ема Блум. Како и нејзиниот претходник, и оваа книга изобилува со возбудлива фантазија и со стари фотографии, кои создаваат едно уникатно читачко искуство.

Поврзани статии

Back to top button