Овошки и зеленчуци кои смее да ги јаде вашето куче!
Некои видови зеленчук и овошје се одличен избор за вашето куче.
Ако сте само почетник кога станува збор за кучиња и нивната исхрана, дефинитивно треба да знаете дека храната за кучиња е многу поинаква од онаа за човекот и дека постојат одредени човечки храни што вашето куче не треба да ги јаде, бидејќи тие можат да му наштетат.
Кучињата обично не смеат да јадат слатка и зачинета храна, а фатални последици може да имаат намирниците како што е грозјето, чоколадата, кромидот, лукот, авокадото и задолжително треба да се избегнуваат, за случајно вашето домашно милениче да не дојде до нив.
Овошјето и зеленчукот содржат малку калории и затоа тие се одлични за лекување за кучиња кои се на диета. Но, препорачливо е да бидат во мала количина и не премногу често.
Сепак, иако кучињата главно се месојади, тие исто така можат да јадат и друга храна, а особено за кучињата е добро овошјето и зеленчукот поради витамините и минералите кои ги содржат.
Кои овошки и зеленчуци се добри за вашето куче, дознајте подолу…
- Морков
- Грашок
- Брокула
- Марула
- Бобинки (во мали количини малини, рибизли и капини)