МодаУбави совети

Нијансата која ги освои девојките ширум светот!

Веќе пишувавме дека маслинесто зелената боја ќе биде една од нијансите кои оваа есен ќе бидат доста популарни. Денеска, откриваме уште една нијанса која оваа есен се враќа на голема врата и ќе биде доста актуелна кога во прашање со облеката и модните додатоци. Станува збор за нијанса на жолтата боја, односно сенф жолто. Таа е совршена есенска нијанса која ги освојува и познатите дами, но и обичните девојки ширум светот.

Она што е најдобро кај оваа боја, исто како и маслинестата оваа нијанса може да ја комбинирате со многу други бои како на пример, црната, белата, зелената, светло сината, бордото, тегет нијанса и сивата.

Без разлика дали ќе се одлучите за капут, фустан, кошула или џемпер во оваа нијанса, вашата модна комбинација ќе биде ефектна, моќна и атрактивна. Ви нудиме и неколку идеи како да ја носите и комбинирате оваа популарна боја!

Поврзани статии

Back to top button