ЖивотУбави совети

Чоколадни мафини без брашно!

Постои очигледна разлика помеѓу слатките што ги купувате во продавниците и оние слатки кои ќе ги подготвите дома и ќе бидат како вистинско ремек-дело.

Ако сте љубител на домашни задоволства, денес имаме одличен предлог рецепт за вас на кој ниту возрасните, ниту децата нема да можат да одолеат. Подгответе вкусни чоколадни мафини.

Состојки за 20 парчиња:
900 грама квалитетно млечно чоколадо, исецкано на мали парчиња

2 лажици кокосово масло

2 лажици желатин во прав

1 чаша (200 гр) шеќер

прстофат морска сол

1 лажица екстракт од ванила

Подготовка:
Ставете соодветни корпички од хартија или силикон во калапот за мафини. Во едно тенџере зовријте вода а во него ставете друга мала стаклена чинија со чоколадо и кокосово масло. Доколку е потребно, држете го огнот на минимум додека сè убаво не се стопи. Истурете две лажици од стопената смеса во секоја корпа за мафини. Земете мала лажица и премачкајте ја секоја корпа рамномерно од сите страни. Оставете да се излади околу половина час.

Ставете 1/3 чаша ладна вода во сад за мешање и додадете желатин за да го промешате. Во меѓувреме, во мало тенџере растопете го шеќерот, со 3 капки вода, на средна температура. Продолжете да мешате кога шеќерот ќе почне да врие. Кога ќе го изматите желатинот, прелијте го со добиениот растворен шеќер. Продолжете да мешате и на крај додадете го екстрактот од ванила. Потоа ставете ја оваа смеса во шприц за декорација на слатки или користете мала лажица за да ги наполните корпичките.

Обидете се да не ги преполнувате корпите, бидејќи на крајот треба да го истурите преостанатото чоколадо врз желатин и шеќер. Кога ќе го истурите желатинот, оставете го да стои околу 15 минути. Ако чоколадото се зацврстило во меѓувреме, користете ја истата постапка како и на почетокот за да се стопи. Прекријте го желатинот со чоколадо и оставете да се зацврсти секоја корпичка. Наздравје!

Поврзани статии

Back to top button