Не биди будала, ако љубиш – признај го тоа!
Овој текст не е за да биде закачен на фрижидер, туку со него да ги покриете сите ѕидови!
Не се понижувај. Не биди будала. Не оптоварувај се. Внимавај на себе и на својата фигура. Не затварај се. Не цимоли. Не викај. Нека ти текне каде ги остави клучевите.
Прочитај книга. Не го гледај здодевни емисии. И повторувај си дека сè е во ред. Размислувај за многу. Не пиј многу. Не лажи ги излишно луѓето. Не пуштај до себе мизерни луѓе без душа.
Стани рано. Спиј осум часа. Симни се од вагата – биди на диета! И престани цело време да чекаш лето.
Ослободи се од негативни и депресивни луѓе и не им пречи во глупавите идеи. Слушај ги повозрасните, поискусните – немој да бидеш тврдоглав!
За викенд оди со некој во кино. Исто така, може да одиш и во кафеана. Не мисли на смртта. Испрати писмо по пошта. Не глуми, не се занесувај. Помалку разговорај.
Ако љубиш – признај го тоа. Ако не љубиш – заљуби се!