ЖивотУбави совети

Неделен хороскоп {22.05 – 29.05}

Прочитајте што предвидува хороскопот за неделата што е пред нас.

ОВЕН

Оваа недела ќе бидете успешни на деловен план. Вашите комуникациски способности ќе бидат на високо ниво и ќе блескате на работното место. Не е исклучено унапредување токму оваа недела. Избегнувајте конфликти и бидете подготвени за компромис. Ве очекуваат кратки патувања и многу уживање на љубовен план.

БИК

Оваа недела се ќе биде во знак на работата. Ќе се трудите се да завршите пред време, а тоа ќе ви предизвика непотребна тензија и притисок. Забавете и размислувајте за она што го правите. Ситни грешки може да ве доведат до големи проблеми, и на работа, но и во врската. Запомнете, флертот е дозволен само за слободните.

БЛИЗНАЦИ

Ќе се чувствувате дека сакате да ги одбегнете сите луѓе на светов бидејќи моментално работата ви создава голем стрес. Најдете начин за релаксација што побрзо, без разлика дали ќе стане збор за хоби или некоја спортска активност. Близнаците кои се во врска ги очекуваат големи промени: некои ќе се одлучат да почнат да живеат заедно со партнерот или ќе слават за веридба. Можни се главоболки.

РАК

Раковите оваа недела ќе запознаат една личност со која до крајот на месецов, ќе започнат љубовна врска. Родените во првата декада имаат големи шанси токму оваа врска да им биде успешна и да води кон олтарот веќе кон крајот на есента. На работа, ситуацијата може да биде напната, но обидете се да не си земате се при срце.

ЛАВ

Конечно се чувствувате опуштено и без стрес. Бидете себични и искористете ја максимално оваа недела само за себе. Посетете го матичниот лекар и стоматолог за рутински контроли, козметичарката, фризерот и заблескајте! Ќе ви годи друштво на личности помлади од вас. Некои Лавови ќе ја напуштат досегашната работа и интензиво ќе бидат во потрага по нова.

ДЕВИЦА

Ова е недела на промени, во секоја смисла. Девиците во врска ќе го сакаат статусот сингл, оние самите ќе влетаат во врска. Многу од Девиците ќе го променат и работното место или адресата на живеење. Ако нешто ве прави среќни, направете го! Животот е многу краток за да се занимавате со коментарите на другите луѓе. Здравјето ви е одлично и полни сте со енергија!

ВАГА

Оваа недела не се фалете премногу со своето мислење и ставови бидејќи многу лесно можете да влезете во напнати ситуации кои не ги посакувате. Обрнете внимание на вашите дела и зборови бидејќи многу од вашите врски ќе бидат ставени пред распаѓање. Од друга страна, оваа недела ќе може да се пофалите со многу енергија и ентузијазам за извршување на сите работни обврски.

СКОРПИЈА

Многу од проблемите кои ве мачеле, конечно ќе бидат решени и ќе ги оставите зад вас. Сега имате можност да бидете среќни и релаксирани. Сингл Скорпиите оваа недела добро ќе се забавуваат, не размислувајќи за нова љубовна врска. Оние кои веќе се зафатени ќе уживаат во романтични изненадувања и патувања надвор од гградот.

СТРЕЛЕЦ

Фокусирајте се на домашните проблеми, наместо да останувате прекувремено да работа како би ги избегнале истите. Само среќното семејство може да ве направи среќен човек. Потрудете се најдете компромис, оти за се има решение. Многу од слободните Стрелци оваа недела ќе сфатат дека се вљубуват во долгогодишен пријател. Внимателно со пороците и нездравата храна!

ЈАРЕЦ

Јарците оваа недела фокусот ќе го стават на љубовната врска. Некои ќе ја однесат на повисоко ниво и ќе го постават судбоносното прашање, други ќе се обидуваат да решат некои постоечки проблеми и ќе планираат викенд надвор од градот. На работа, ве очекува мирна недела, без премногу стрес.

ВОДОЛИЈА

Оваа недела, на Водолиите најмногу проблеми ќе им создаваат финансиите. Добро е што побрзо да најдете извор за дополнителна заработка. Потребна ви е подобра организација на времето, како би стигнале да ги завршите сите обврски. Можни се ситни расправии со партнерот токму поради овие причини. Сингл Водолиите ќе флертуваат насекаде.

РИБИ

За Рибите, ова ќе биде успешна работна недела. Ги очекуваат многу подвизи на деловен план, започнување на важни проекти, покачување на плата и слично. На семеен план, Рибите ќе се соочат со обвинувања дека баш и не се добри родители. Не земајте се здраво за готово и докажете им на вашите партнери дека не се баш во право. Слободните Риби нема да размислуваат за нови врски.

Поврзани статии

Back to top button